Одредени судиите за реванш натпреварите од Купот на Македонија

За в среда (14 ч.) се закажни реванш натпреварите од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија кои ќе се одиграат пред празни трибини според препорака на Владата како превенција од ширењето на коронавирусот.

ФФМ ги одреди судиите за овие средби.

Тетово: Ренова – Струга Т.Л. (0:0 прв натпреавр): Димитар Мечкаровски – Гоце Петрески, Даниле Василевски – четврти судија: Игор Стојчевски.

Струмица: Академија Пандев – Шкупи (1:0): Крумислав Ѓорѓиев – Никола Караколев, Ристо Ѓорѓиев – четврти судија: Доне Ристовски.

Струга: Лабуништа – Брегалница (0:1):Стојанче Трпчевски – Илија Гонев, Драган Трпчевски – четврти судија: Игор Иванов.

Скопје: Работнички – Шкендија (0:0): Васко Мавров – Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски – четврти судија: Ристе Сејменов.

 

Треба да знаете
Последни објави