Раковдството на макеоднскиот, регионалниот и европскиот машки ракометен првак Вардар за финишот од сезоната во која по растурањето на тимот поради финасиската криза која га отресе подлг период ќе се обидат да ја спасат со одбрана на некој од трофеите, денеска го потврди враќањето во своите редови на поранешните играчи Борко Ристовски и Марко Мишевски.
Искусниот репрезентативе голман по третпат се враќа во дресот на Вардар, откако во периодот од 2001 до 2003 година, и од 2010 до 2012 година го чуваше голот на „црвено-црните“. Ристовски доаѓа од тимот на Бенфика, а Мишевски по неколку месеци минати во Гренобл, се враќа во СЦ „Јане Сандански“. Мишевски беше дел од екипата која минатата сезона ја осови европската титула, а играше и во СЕХА лигата.
Вардар прво в недела го очекува првиот дуел од двомечот во четвртфиналето на СЕХА лигата со Нексе. Првиот меч се игра во Нашице, а реваншот е за седум дена во Скопје.