Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со Република Северна Македонија и како Влада сторивме буквално се. Сега на ред е Европскиот совет кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и Методологијата и да се исправи она што се случи во октомври, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка Бојан Маричиќ.
Самитот на ЕУ во Загреб е во мај, а Советот на ова прашање треба да се наврати пред тоа, додаде Маричиќ, истакнувајќи дека сега нема никакви изговори зошто да не се случи тоа имајќи го предвид успехот што се нотира во овој дополнителен Извештај за Северна Македонија и она што го направивме дотолку повеќе што се наоѓаме во предизборен период.