Три пожари вечерва во околината на Скопје

Три пожари попладнево избувнаа во околината на Скопје.

Најпрво гореше шума во близина на Сопиште, кон Ракотинци. Од Противпожарната бригада велат дека тој пожар е изгаснат со четири возила. Две се повлечени, но две се останати на дежурство.

Трска гори во близина на населението Економија, близу Сингелиќ. Таму се наоѓа едно возило, но е испратено и засилување. Засега нема опасност кон околните куќи. За овој пожар видеа се објавени на социјалните мрежи.

Третиот пожар е пред селото Арачиново.

Треба да знаете
Последни објави