Македонски државјанин на возраст од 23 години е уапсен во Торино поради измама со 100.000 фалсификувани евра, објавија италијанските медиуми.
Заедно со нашинецот се уапсени 25-годишен Австриец и 24-годишен Германец, кои се обиделе да измамат Британец (44) од кого сакале да купат недвижнина со фалсификуваните пари.
Измамата ја спречиле инспектори, кои добиле дојава дека се поготвува измама на бизнис средба во трговски комплекс во населбата Виа Кунео во Торино, каде биле тројцата измамници, заедно со Британецот. Кога ги забележале полицајците измамниците избегале, сите на различни страни, но биле уапсени.
Агентите ја реконструирале динамиката на фактите заедно со назначената жртвата, претприемач во областа на недвижнините. Тој им раскажал за претходните состаноци со други лица во изминативе месеци во Италија, кои не биле присутни на состанокот дента, но секако поврзани со уапсените.
Тие изразиле намера да ги инвестираат своите средства во трансакции со недвижнини во име на богато руско семејство кое сакало да влезе на англискиот пазар на недвижнини и недвижности.
На состанокот утрото, според Британецот, еден од уасените се претставил како син на рускиот државјанин заинтересиран за купувањето, а друг, Австриецот, лажно се претставил дека е банкар.
Тие извадиле електронски бројач на пари, како и повеќе снопчиња со 200 евра, кои почнале да ги пребројуваат за да му покажат дека располагаат со многу „кеш“ и дека во нивниот бизнис често правеле трансакции во готово дури и над еден милион евра.
Кај уапсените биле понајдени машина за броење пари, 100 илјади евра во лажни банкноти од 200 евра, како и 10.000 илјади оригинални евра, исто така во банкноти од 200 евра, како и четири мобилни телефони.