Поранешниот градоначалник на Чаир, сегашен потпретседател на ДУИ, Изет Меџити во вечерашната емисија „КЛИК ПЛУС“ на ТВ 21 во дебатата со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, изјави дека и доколку се обединат сите албански партии, не можат да ја победат ДУИ.
И.М: Далеку сте, сите заедно далеку сте.
А.Т: Јас Ви велам дека завчера ја добивме анкетата.
И. М: Јас зборувам за анкетата на “Тим” институтот. Значи, не само овие две, но заедно и Беса и Мендух Тачи и НДП, не можат да ја стигнат ДУИ.
Меџити истакна дека Зијадин Села има само тројца пратеници и тие можат да се договорат кој ќе ја претставува опозицијата. Таравари, пак, рече дека Зијадин Села е лидер на опозицијата, но веднаш следеше реакција од Движење Беса дека тие се претставници на албанската опозиција.
„Доколку мериме според перформансите, останува да се докаже дали Зијадин Села е претставник на опозицијата бидејќи во Собрание има двајца, тројца пратеници што е минорно во споредба со застапеноста во републичкиот парламент“.
Меџити не заборави да се осврне и на довчерашниот коалициски партнер, СДСМ.Тој истакна дека Зоран Заев му е другар и нема да заборави што направил тој за да ја внесе државата во НАТО.
-Да не заборават што направи ДУИ за нив пред три години и да се однесуваат поконкретно во овој предизборен период”, порача Меџити.