ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

 „Македонија заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано. Граѓаните не треба да бидат казнети и да ја плаќаат цената за неспособното и криминално владеење на Зоран Заев.

Криминалец Зоран Заев е истрошен и исплашен политичар кој знае дека ќе треба да одговара пред граѓаните и законите на Република Македонија.

Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата.

Eдинственото нешто што оваа власт им сервираше на граѓаните беа поразите и понижувањата.

Порази и понижувања за да може власта слободно да краде, да се спроведува криминал во големи размери и корупција. Милиони евра народни пари се испумпаа преку криминални тендери и грантови, пари кои завршија во џебовите на функционерите на СДСМ.

Крајот на поразите и понижувањата е се ближи. 12-ти април е денот кога граѓаните ќе го казнат Зоран Заев за сиот овој криминал и корупција што го стори изминатите три години.

Граѓаните ќе го казнат Заев  за „Рекет 1“, „Рекет 2“, за ТЕ-ТО, случајот Рашковски, крвавите тендери.

После 12-ти април сите кои што се огрешиле пред законите ќе одговараат.“

 

Треба да знаете
Последни објави