Ветеринари во една ординација во австралиската држава Нов Јужен Велс извадија голем пешкри за на плажа од питон.
Неверојатното извлекување на пешкирот од питонот, кој се вика Монти, брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ветеринарите морале прво да ѝ стават анестезија на змијата, за да ѝ го извадат пешкирот. И покрај тоа како изгледа, зафатот помина одлично, а Монти истиот ден е пуштен од ординацијата.
Сопственикот на Монти, рекол дека на питонот многу брзо му се вратил апетитот, што е и очекувано, со оглед дека проголтал голем пешкир за на плажа.



