Фановите на Џејмс Бонд сега ќе може да се соживеат со улогата на шпиун во поранешниот дом на Јан Флеминг, кој е достапен на онлајн платформата за сместување Airbnb („Ербнб“).
Компанијата Airbnb International Unlimited се наоѓа во Ирска и е целосно во сопственост на подружницата на Airbnb Inc.
Покојниот автор напиша серија романи за Џејмс Бонд на кои се базира популарната филмска франшиза. Со цел да ја одбележи премиерата на 25-от филм за тајниот агент 007 – No Time To Die или „Не е време за умирање“ – закажана за следниот месец, Ербнб се здружи со Вилата Флеминг за да им овозможи на фановите на франшизата да престојуваат во луксузната куќа.
Вилата Флеминг се наоѓа во Јамајка, и тоа е местото во кое Флеминг минуваше доста време работејќи на своите романи.
Со прекрасен поглед на Карипското Море, вилата е сместена покрај преубавиот брег на резортот ЗлатноОко (GoldenEye Resort) и може да се изнајми заедно со батлер и личен готвач – екстра услуги што ги нуди вилата.


Гостите можат да кулираат во сенка меѓу дрвјата, да пливаат или да лебдат во базен во форма на лагуна. Во куќата има опрема за тенис, јога, водни спортови и за истражување на идиличното опкружување.
Во вилата може да се сместат до 10 гости во пет спални соби, а цената за ноќевање за едно лице изнесува 4.900 фунти (8.700 американски долари).



