(Видео) Легендарната актерка и во осмата деценија преполна со енергија

Кејт Хадсон на Инстаграм објави видео во кое нејзината мајка Голди Хоун ја носи нејзината ќерка Рани Роуз на грбот.

Легендарната холивудска актерка Голди Хоун (75) е баба на шест внучиња, а најмалата внука Рани Роуз (2) и ја роди ќерката, познатата актерка Кејт Хадсон (41).

Со својата ќерка и малечката Рани Роуз, чиј татко е актерот Дени Фуџикава, за викенд тие уживаа во прошетката, а Кејт на Инстаграм сподели видео од разиграната баба и внуката.

„Силната Гого со 13 килограми љубов на грбот“, напиша Хадсон во описот на видеото во кое Голди енергично чекори и пее додека ја носи својата внука на грбот.

„Најкул баба“, „Голди е божица“, „Колку енергија има оваа жена!“, пишуваа под објавата воодушевените обожаватели на легендарната актерка која и на својот Инстаграм преку видеата како таа вежба докажува дека годините за неа се само бројка.

 

Треба да знаете
Последни објави