ПСЖ – Борусија Дортмунд без публика поради корона вирус?

Корона вирусот продолжува да прави проблеми во спортот,низ цела европа натпреварите се играаат под посебни мерки.

Натпреварите од италијанската Серија А се одложуваат, додека некои се играат без присуство на публика, а според последните најави овој вирус би можел да ја „зарази“ и Лигата на шампионите.

Како што пренесуваат француските медиуми, тамошниот министер за спорт најавил дека постои голема можност натпреварот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд да се игра без публика.

На нивниот прв меѓусебен натпревар Борусија славеше минимална победа од 2-1, па доколку „Паркот на принцовите“ биде празен тоа ќе претставува дополнителен проблем за избраниците на Томас Тухел да стигнат до посакуваното четвртфинале.

Треба да знаете
Последни објави