Стоилковски: Датум и напредок на Македонија ќе се постигне со новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања- Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска од СДСМ доставија до суд докази како вашиот претседател на партијата исплатил над 170 илјади евра на негов адвокат и советник додека го водел ЕЛЕМ. Како ова го коментирате?

Зборувате за Панче Тошковски? Тоа е од пресовите што ги држеше Костадин Костадинов. На тоа одговори и самиот Панче Тошковски и му порача на Костадин Костадинов да си обезбеди добар адвокат, порача и дека тој бил на истата функција додека и Заев владеел таму. Така што, апсолутно тоа е случај со кој само се прави обид да се покријат скандали, да се прикаже еден дефокус на јавноста од она што е криминал и корупција на владеењето на СДСМ со Зоран Заев и октоподот на власт, кој што со сигурност ќе загуби на изборите на 12 април. Доколку имало било какви неправилности, имаа три години да можат да реагираат. Сега сите нивни постапки, кои што мене ми одаваат впечаток на едно опозициско делување, е само тоа – маскирање на она што е реалност и вистина.

Вчера Европската комисија го објави новиот извештај за Република Македонија. Како го оценувате тоа и што очекувате од ЕУ?

Повеќе пати сме посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ е за почеток на преговорите на Република Македонија заради доброто на граѓаните, но она што е факт е дека Европската унија не сака да соработува со криминалци. Така што, би се израдувале доколку се добие датум, меѓутоа датум и напредок на Република Македонија ќе се постигне со новата власт предводена со ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 12-ти април.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за нови коалиции, за можни коалиции, за преговори за коалиции и така натаму.

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија, комуницира со сите политички субјекти во Република Македонија. Тука би потенцирал она што предмалку го слушнав на прес конференцијата на Зоран Заев и ако добро сум го разбрал вели добро е да се менуваат партиите, да не бидат истите во влада, со што и самиот признава дека апсолутно ќе дојде до промена на власта во Македонија. Тој е свесен дека ќе загуби.

Со албански или само со македонски партии?

Со сите политички субјекти се разговара и сме отворени за соработка.

Треба да знаете
Последни објави