(Видео) Незадоволни навивачи оти наишле на затворена билетара на „Арената“ истата се обидоа да ја дмолираат

Незадоволни навивачи вечерва откако наишле на затворена билетара на Арената „Тодор Проески“ во Скопје каде почна продажбата на влезниците за полуфиналниот меч од фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Косово, закажан за 26 овој месец, својот бес го истурија демолирајќи ја истата.

Билетарата е затворена во 18 часот, а на истата имало истакнато работно време до 20.30 часот ! Оштетено е паното и спуштените ролетни на продажното место.

Од ФФМ денеска во објавата за почетокот на продажба на влезници информираа дека навивачите со личен докуметн за идентификација ќе можат да го набават билетот во текот на работните денови од 10 до 18 часот, а билети можат да се купат и во продажните салони на МК Тикетс. Цената на влезниците изнесува 300 и 400 денари.

На социјалните мрежи веќе се појави и видео запис како се демолира билетарата на нашиот најголем стадион.

https://www.facebook.com/elvis.metalurg/videos/10221831457439810/?t=0

Треба да знаете
Последни објави