Предизборното загревање почна. Коалициските партнери во Владата на С. Македонија, СДСМ и ДУИ, денеска ги вкрстија копјата со проблем стар десетина години. Од фиока е извадена промената на имињата на две основни училишта во општина Чаир, а „јадецот“ го пушти во јавноста министерот за образование Арбр Адеми на својот Ф.Б профил и ги запали старстите.
Училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ се преименувани во „Исмаил Ќемали“ и во „Имри Елези“. Советот на Општина Чаир за ваква промена гласаше уште во 2012, но советниците Македонци тогаш ја спореа одлуката, бидејќи била донесена без потребното Бадентерово мнозинство.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска промовирајќи ја изборната програма, и одговарајќи на новинарски прашања за односите со ДУИ порача дека промената на имињата на училиштата е незаконска и побара институциите да го расветлат случајот. Се огласи и опозициската ВМРО ДПМНЕ од каде во соопштението до јавноста ја обвинуваат СДСМ и Заев за незаконска промена.
Министерот Адеми пак на својот Ф.Б профил објави документи со променетите имиња , додека ДУИ не гледаат ништо спорно во оваа постапка.



