(Видео) Опра Винфри падна на сцената среде говор

Опра Винфри го коментира својот пад за време на турнејата во Лос Анџелес. Поранешната водителка падна за време на воведниот говор и иронично, но темата беше рамнотежа.

„Погрешни чевли“, се пошегува Опра по падот.

Винфри исто така сподели фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како се одмора дома, со весник и насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/p/B9NJyuhhfKM/

„Неделно читање и ладење. Ви благодарам на сите за вашите љубезни желби. Да, паднав на сцената. Но, благодарна сум што боли само малку. Го претворам денот во она што Мишел Обама го нарекува #selfcareSunday“, напиша Опра под фотографијата.

Фановите ѝ дадоа поддршка во своите коментари.

Треба да знаете
Последни објави