Во Кина сè помалку заразени, во светот сè повеќе

Светската здравствена организација соопшти дека во светот се потврдени вкупно 92.000 случаи на коронавирусот, а починале 3.200 луѓе.

Најмногу заразени има во Кина, над 80.000, додека во другите земји заразени се повеќе од 10.500 луѓе. Во последните 24 часа во Кина пријавени се 129 случаи, што е најмал број на случаи од 20 јануари, соопшти СЗО.

Во Кина, како последица на вирусот починаа нешто помалку од 3.110 случаи, а надвор од Кина уште 166. Случаи на коронавирусот се потврдени во над 70 земји.

По Кина, најголем број случаи се потврдени во Јужна Кореја, Иран и Италија. Во 122 земји не е пријавен ниту еден случај.

Треба да знаете
Последни објави