(Видео): Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи- сведочења за крвавиот четврток за ТВ Вис

Долги часови насилство, борба да се преживее и опстане. Сведочења на тие што беа нападнати во Собранието на 27 април, за што размислувале при соочувањето со маскираните и вооружени напаѓачи. ТВ Канал Вис во четири продолженија ја пренесува атмосферата и детали лично од сите кои беа жртви на насилството, „27 април во прво лице“.

– Сето тоа траеше многу време, самиот факт на многу насилство. Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот.

– Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи од овде.

Рече: Не.. – Навистина сметав во тој момент дека ни тешко можеме да се извлечеме од таа просторија, сфатив дека ќе биде тешко.

– Над триесетина влегоа со качулки на главите, Сашо Тасевски изреагира да застанат и предупреди, го извади пиштолот… пукаше во вис како предупредување, се дел од сведочењата во видеото.

Авторите од ТВ Канал Вис велат дека и покрај обидите, не успеале да ја добијат и верзијата на втората страна, односно дел од оние што упаднаа во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави