Руски медиуми: Украинската војска извршила напади во Доњецк

Во изминатите 24 часа, украинската војска извела 17 минофрлачки напади на Доњецк, соопшти Здружениот центар за контрола и координација НРД, пренесува Тасс.

„Украинската војска во последните 24 часа 17 пати го прекршила договорот за прекин на огнот и испалила вкупно 58 проектили“, соопштиле од центарот.

На удар на украинската војска биле девет населби и деловен „Волво“ центар, а во нападите биле користени минофрлачи со калибар 82 милиметри и 120 милиметри, рачни ракетни лансери и пешадиско вооружување.

На самит на Германија, Франција, Русија и Украина одржан во Париз минатата година посебно беше нагласено значењето на прекинот на огнот во Донбас до крајот на 2019 година.

„Сепак, Украина непрекинато го крши договорт за прекин на огнот“, наведува руската агенција.

Треба да знаете
Последни објави