И возачот на Боки, како и Варошлија вчера, побара да му бидат вратени чевли

Стојан Арсовски, возач вработен во 1 ТВ, кој го возел и Бојан Јовановски денеска сведочеше во предметот „Рекет“. Претходно сведочеше и хирургот Тони Јосифовски од „Аџибадем Систина“ , кој го оперираше Боки 13. Двајцата се сведоци на одбраната, но во текот на сведочењето на хирургот. адвокатот Сашо Дуковски го прогласи за непријателски сведок.

Јовановски детално раскажа што се случувало на 15 јули лани, пред да биде приведен Боки на граница, и како и претходните сведоци, рече дека тој ден Јовановски одел на одмор во Грција.

– Немам видено потемелен претрес. Потоа ми кажаа дека сѐ во возилото треба да се одземе. Во куферите беа спакувани заеднички работи. Сакоа, пантолони, чевли ми беа одземени, ми рекоа дека ќе ми се вратат, не ми ги вратија, рече сведокот Арсовски.

Тој рече дека неколку пати го возел Боки до домот на бизнисменот Орце Камчев.

-Маркетинг секторот во 1ТВ го водеше Анита, а потоа Денис од Авалон. А Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, беше во правниот сектор и посветено си ја работеше работата. Тој не се среќаваше со клиенти. Во два наврата сум те возел до пред врата во домот на Камчев. Ми остави впечаток дека сте блиски пријатели. Во една прилика ти подари држач за слики, штафелај кој едвај го напикав во кола. Тој беше многу љубезен, рече сведокот на прашање на Боки и додаде дека Катица Јанева ја познава од телевизија.
Арсовски пред Судот рече дека со Боки во два наврати патувале во Италија на модни ревии и дека на тие патувања од неговиот претпоставен добивал подароци.
Според сведокот, на второто патување правеле пауза во Белград на која Јовановски вечерал со Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и дека таа вечер сопругот на Туцаковиќ на Боки 13 му дал плико со, како што рече, прилично голема сума пари, кои пак му ги дал на возачот да ги стави во чантата.
Треба да знаете
Последни објави