Таа минатото лето започна сопствена линија за нега на кожата „Фенти скин“.
А во неделата, Ријана објави реклама во која го промовира својот најнов производ – гел крем со инстант ривајвл ефект на регијата околу очите – Flash Nap Fenty Skin.
Пејачката и успешен претприемач (32) сподели видео на својот Инстаграм-профил како стои пред огледало и нанесува комбиниран крем за ладење и коректор.
Во рекламата објаснува дека целта е да се добие добро одморен изглед, дури и ако, како неа, едвај спиете, а таквиот изглед не може да го добиете со темни кругови и подуени очи.