СЗО ќе објавува информации и совети за коронавирусот на „Фејсбук“

На социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе се објавуваат реклами на Светската здравствена организација (СЗО), најави денеска основачот и сопственик на компанијата, Марк Цукерберг.

„Ќе и дадеме на СЗО рекламен простор колку што и е потребен, заедно со друга корисна поддршка“, истакна Цукерберг.

На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, најави Цукерберг и додаде дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор.

„фејсбук“ ќе работи со светски здравствени експерти и ќе им дава поддршка на други организации.

Треба да знаете
Последни објави