Кими: Јас го правам она што го сакам и не ми е грижа кој ме сака

Не сум тука за да угодувам никого, туку да се натпреварувам и да го правам она што го сакам, објави во негов типичен стил, Кими Раиконен. Ветеранот ќе ја започне својата втора година во Алфа Ромео и треба да стане пилот со најмногу трки во Ф1 и да го премине на листата Рубенс Баричело.

– Обожавам трки, иако има многу повеќе од тркањето во Формула 1, рече Финецот во интервју за „Ел Паис”.

Инаку тој е еден од оние што избегнуваат да зборуваат со новинарите.

– Ако не ми се допаѓаше и природно немаше да уживам, не би бил тука. Сепак, ќе дадам се од себе за да не се сретнам со медиумите, посочува тој.

Според него, нормално е да имате луѓе кои го сакаат и оние кои не го сакаат.

– Сепак, го правам она што го сакам и не ми е грижа дали ќему се допаднам на некого или не. Кога некој е задоволен од својата работа, тоа му помага во неговиот секојдневен живот. Не сакам никого да му угодувам, јас само ги правам работите што ми се важни, рече Кими.

Треба да знаете
Последни објави