Милитантите неуспешно се обиделе да употребат хемиско оружје во Сирија

Џихадистичките милитанти се обиделе да употребат хемиско оружје во источниот дел на зоната на деескалација Идлиб, соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, пренесува РТ.

„Во обид да го спречат напредувањето на сириските сили во западните квартови на градот Саракиб и за подоцна да ги обвинат за употреба на хемиско оружје, на 2 март во вечерните часови група од 15 терористи се обиделе да детонираат муниција наполнета со отровни хемиски материи,“ се наведува во соопштението.

Меѓутоа, како што посочуваат од центарот, поради неискуство и вештини за користење отровни супстанции, терористите ја нарушиле херметичноста на една граната, по што дошло до нејзино истекување.

На крај терористите се затруле со отровната материја и не успеале да ја детонираат муницијата и да ја реализираат провокацијата.

Доказите за неуспешната хемиска провокација биле добиени на 3 март за време на операцијата на сириската армија против терористите на Хајат Тахрир аш-Шам на истокот од Идлиб.

Треба да знаете
Последни објави