Македонија стана вистински режим, пресудата за Митовски единствен случај на осуден новинар во Европа

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Хибридниот режим на Заев денеска стана вистински режим кој што во моментов ни се случува во државата. Македонија денес е единствена држава во Европа каде што новинар е осуден на казна затвор само заради пишан збор. Условот кој што Кацарска судството и Русковска обвинителството му го даваат на новинарот за да не оди зад решетки е да престане да пишува за рекетот на криминалниот клан на фамилијата Заеви, на Зоран Заев и да престане да трага по вистината односно да не говори за најголемиот коруптивен скандал што ја тресе Македонија. На овој начин Заев се обидува да си обезбеди уште една амнестија. И кога постои страв и закани од казни во медиумите, Заев се надева дека ќе се сокрие неговата улога во случајот „Рекет“ и ќе се покријат сите скандали во истрагата кои треба да ја избришат трагата која што води кон главата на октоподот, а сите знаеме дека главата на октоподот е на Илиденска бб.

Казната затвор од 6 месеци за уредникот на „Инфомакс“ е доказ за едноумието кое сака да го наметне Зоран Заев. Заев нарачува, Русковска обвинителството ќе го спроведува, додека пак Кацарска судството пресудува. Еден е аршинот на судот кога треба да се замолчат медиумите, а друг е кога се работи за Курто Дудуш кој за физичко насилство и нанесување на тешки телесни повреди помина само со усна опомена.

Заев и спрегата во судската власт сакаат да ги замолчат медиумите кои се критички настроени кон власта, кои секојдневно ги критикуваат лошите политики. Кои ги објавуваат скандалите за Заев, но и пишуваат за криминалот и корупцијата која што владее во државата. Толку од демократските и европските вредности на фамилијата Заеви и на Зоран Заев.

Заев го боли што вистината за неговиот режим излегува на виделина и затоа овој чекор е чекор на исплашен, очаен и истрошен политичар кој што по 12-ти април заминува во историја и продолжува понатака да одговара за сите криминали кои што ги има направено. Зоран Заев сака во Македонија да постои медиумски мрак и никој ама баш никој да не пишува и никој од граѓаните да не дознае за криминалните тендери, растечката корупција или за фактот дека токму тој е главата на криминално рекетарскиот октопод. Да потсетиме дека новинарот Александар Митовски е осуден поради тоа што изнесе на виделина докази кои се од јавен интерес во кои постојат сериозни индиции дека Зоран Заев ги предупредил Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски –  Кичеец дека се откриени во криминалниот случај „Рекет“.

Зоран Заев може да заплашува, да се заканува со тужби, па дури и да осудува новинари, но нема да го спаси од судот на народот кој што следува на 12-ти април. После 12-ти април ќе одговара за сите злодела против демократијата, слободата на говор, слободата на медиуми и слободата на мислата. А, покрај него и сите останати функционери на СДСМ, за кои што во моментов кривичните пријави се чуваат во фиока и случаевите не се отвораат, кои што беа поднесени до ЈО.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави