ММФ со повик за борба против коронавирусот

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева ги повика сите 189 земји членки на ММФ да се обединат против глобалните предизвици, поврзани со коронавирусот.

– Економското и финансиското влијание се чувствува и на глобално ниво, што создава неизвесност и е штетно за перспективите на краткорочен план, се наведува во соопштението.

Георгиева истакна дека ММФ планира да обезбеди потребна поддршка за ублажување на влијанието, особено врз најранливите луѓе и држави.

ММФ се повикува да ги користи сите расположиви инструменти за финансирање за да им помогне на земјите-членки кои имаат потреба, изразувајќи увереност дека со заеднички напори ќе се надмине предизвикот од епидемијата на коронавирусот и ќе се врати растот и просперитетот.

Треба да знаете
Последни објави