Прва посета на шеф на кипарската дипломатија во Скопје

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидес, којa се реализира во рамките на првата официјална билатерална посета на Министер за надворешни работи на Република Кипар на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења и предлози за збогатување на билатералната соработка, а стана збор и за актуелни пошироки регионални случувања.

Притоа, министеротДимитров истакна: По воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две пријателски земји минатата година се отвори празна старница која верувам во престојниот период ќе ја испишеме со богата и квалитетна соработка од бенифит за нашите граѓани. Благодарни сме што првата официјална билатерална посерта на кипарски Министер за надворешни работи се случува токму во пресрет на претстојниот Совет на ЕУ и ја цениме поддршката од Кипар за добивање долгоочекуваното и заслужено зелено светло.

Од кипарската страна беше реафирмирана целосната поддршка за нашите ЕУ аспирации за добивање на препорака за почеток на пристапните преговори.

На средбата меѓу другото, Министрите изразија заемен интерес за збогатување на билатералната договорна рамка и склучување во блиска иднина на конкретни билатерални договори, како на пр. договор за избегнување на двојно оданочување, а воедно се согласија околу целисходноста на идејата од идно организирање на Бизнис форум.

Од кипарската страна беше реафирмирана целосната поддршка за нашите ЕУ аспирации за добивање на препорака за почеток на пристапните преговори. На средбата меѓу другото, Министрите изразија заемен интерес за збогатување на билатералната договорна рамка и склучување во блиска иднина на конкретни билатерални договори, како на пр. договор за избегнување на двојно оданочување, а воедно се согласија околу целисходноста на идејата од идно организирање на Бизнис форум.

Треба да знаете
Последни објави