Во Италија има повеќе од 100 починати од Ковид-19

Новиот коронавирус однесе животи на 107 луѓе во Италија од избувнувањето на епидемијата. Тоа се новите податоци на властите објавени вечерва.

Бројот на заразени е 3.089, со што Италија е трета во светот по заболени од новиот коронавирус  по Кина и Јужна Кореја.

Во изминатите 24 часа починаа 28 лица, а во земјата се идентификувани 587 нови случаи, соопшти службата за цивилна заштита

Треба да знаете
Последни објави