Мета: Иднината на Албанија е доведена под знак прашалник за младите

Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук пишува дека иднината на Албанија е доведена под знак прашалник за младите.

Додава дека оние со идеја за државен удар се проектанти за депопулација на Албанија, споменувајќи 400.000 граѓани,пред се млади, кои ја напуштиле земјата последните години.

„Иднината на Албанија е повеќе од кога било под знак прашалник, особено за нашите млади, студенти и штотуку дипломираните студенти. Заговорниците на државниот удар се исто така проектанти за депопулација на Албанија. Повеќе од 400.000, претежно млади Албанци, ја напуштија земјата последниве години”,наведува Мета.

Според него, затоа гласот на младите не можел да отсуствува од прекрасната сенационална манифестација за заштита на Уставот.

„Залагодарувајќи се на одличната студентка на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана, Онеда Скендери и десетици илјади девојчиња и момчиња кои присуствуваа на започнувањето на Црвената пролет, денес го споделувам нејзиниот поздравен говор на манифестацијата на 2 март. Црвената пролет нема да запре! Во прв ред за нашата перекрасна младина” посочува Мета.

Ова е втора реакција на Фејсбук на претседателот Мета денеска.

Во претходната објава објасни за што се стреми, отфрлајќи ги обвнувањта дека „може да има и други цели во политиката”,односно дека сака да биде премиер,односно лидер на опозицијата.

„Залудно не се заморувајте од заговори!Јас сум претседател на Републиката и лидер на националниот суверенитет и единство, во одбрана на Уставот, слободата и демократијата!Тоа е мојот единствен проект до 24 јули 2022! напиша меѓу Мета.

Треба да знаете
Последни објави