Ракометната федерација на Македонија направи кадровски екипирања на раководните позиции. Засилувања се направени во Управниот одбор, како и на позиците за репрезентациите. Така, поранешниот претседател на Металург, Левче Китевски е назначен за директор на машките и женските репрезентации на Македонија.
Рокадите се објавени на страната на Ракометната федерација на Македонија, а одлуките ќе бидат верификувани на следната седница на Управниот одбор.
– Почитувани спортски пријатели,
Ве информираме дека со мнозинство гласови на Управниот Одбор на Ракометната Федерација, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) ги усвои следниве одлуки:
- Назначување на г-дин Левче Китески на функцијата Директор на машки и женски ракометни репрепрезнтации при РФМ.
- Назначување на г-дин Гино Стрезовски на функцијата Стручен советник на селекторот во женски репрезентации.
- Назначување на г-дин Димитар Митревски на функцијата координатор на машки ракометни репрезентации.
- Назначување на г-дин Ѓорѓе Војновиќ , Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.
- Назначување на др. Билал Суџубаши , Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.