Работнички и Академија Пандев ќе играат в сабота

Увертира за 22. коло во првалигашката фудбалска конкуренција во Македонија ќе биде дуелот Работнички – Академија Пндев, кој е закажан за в сабота (13 ч.), а ќе биде пренесуван во живо на ТВ Арена и МРТВ. Преостанатите четири дуели од оваа рунда се во редовниот неделен термин за прволигашите во кои се среќаваат: Ренова – Вардар (13 ч), Борец – Шкендија, Силекс – Македонија ЃП и Струга ТЛ – Шкупи (14 ч.).

Викендов се играат и натпреаврите од второто пролетно коло во двете Втори лиги. Сите натпревари се играат в сабота, во редовниот термин за второлигашки фудбал, освен пресметката на „западот“ Гостивар – Лабуништа која е закажана за в недела.

Треба да знаете
Последни објави