Дербито во Италија меѓу Јувентус и Интер ќе се игра в недела без гледачи

Раководството на фудбалската Серија А на крајот пресекоа дербито на Италија, меѓу Јувентус и Интер да се игра в недела од 20:45 часот, но без присуство на публика.

Викендов ќе се одиграат уште пет натпревари, сите што беа одложени, а тоа се: Сампдорија – Верона (сабота), Милан – Џенова (недела), Парма – Спал (недела), Сасуоло – Бреша (недела), Удинезе – Фиорентина (недела).

Колото од претстојниот викенд се поместува за 14 и 15 март. На сите натпревари во Серија А  кои ќе се играат во март вратите од трибините ќе бидат затворен за гледачите.

Треба да знаете
Последни објави