Изготвена студија за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје

Општина Охрид изготви Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато, заради негово прогласување за заштитено подрачје. Студијата ја изготви тим на Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема” од Скопје, а во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година.

Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.

Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност што ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко-систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита.

Треба да знаете
Последни објави