Градското ракометно дерби меѓу Вардар и Металург мина во рамноправни и неизвесна битка до самиот финиш, кога фаворизираните „црвено-црни“ во последните десет минути со серија од седум голови го скршија отпорот на тимот од Автокоманда и дојдоа до убедлив триумф (38:30). Првото полувреме помина во израмена игра на двете екипи, а на одмор се замина со предност од еден гол (18:19) и тоа за Металург.
Низвесноста продолжи и во вториот дел а во 51 минута резултатот беше 31:30, кога актуелниот шрампион Вардар предводен од Дибиров кој беше прва виолина кај „црвено-црните“ и мечот го заврши со осум постигнати голови направија недостижна предност за очекугвана победа. Со по седум постигнати голови средбата ја завршија Талески и Моралес а ист учинок имаше и Халил Озтурк кај Металург.
Претходно Пролет како гостин славеше во Струга со 24:21, додека Е. Пелистер славеше со 25:27 на гостувањето кај Охрид.