Словенечкото Собрание со 48 гласа „за” го избра Игор Зорчич за нов претседател на законодавниот дом, јави дописникот на МИА од Љубљана. Против изборот на Зорчич гласаа 29 пратеници.
Тој доаѓа од партијата СМЦ (Партија на модерниот центар), а го кандидираа партиите од новото парламентарно мнозинство предводено од партијата на Јанез Јанша.
– Почестен сум дека ми е дозволено да го градам наследството, кое сите мој претходници на оваа функција го создавале и ја пишувале историјата на словенечкиот парламентаризам, изјави Зорчич по гласањето.
Зорчич е 14 претседател на словенечкото Собрание од неговото формирање во 1992 година.