Калчолигашите поради коронавирусот ќе останат покуси од 30 до 150 милиони евра

Натпреварите во италјанската фудбалска Серија А превентивно за да се спречи  ширењето на коронавирусот ќе се играат без публика до 3. април. Затворените врати на стадионите за гледачите ќе направат голем финансиски штети кај клубовите каде според првичните пресметки клупските каси ќе бидат покуси за 30 милиони евра. Доколку оваа превентивна мерка остане на сила до крајот на сезоната, загубата која би ја претрпеле калчолигашите ќе достигне и до 150 милиони евра. Во оваа сума се пресемтани и натпреаврите кои калчолигашите Јувентус, Аталанта, Наполи, Рома и Интер ќе треба да ги играат и на ерво-сцената, каде и УЕФА прифати затворање на вратите за гледачите во ризичните подрачја.

Раководството на Серија А не сакаше да се играат натпревари пред празни трибини, па поради тоа на почетокот од појавата на коронавирусот во Италија одложи десетина натпревари. Но челниците на најсилната лига во Италија немаа друг избор, откако Владата нареди сите спортски настани да се играат без публика во период од 30 дена.

Простор за одложување нема, па натпреварите ќе се играат зад затворени врати. Направените пресемтки се оденсуваа на финасиите кои би ги одбиле клубовите од продажбата на влезниците, но штетите веројатно ќе бидат поголеми бидејќи спонзорите и комерцијалните партнери можат да си побараат фраќање на дел од милионите кои ги плаќаат, бидејќи немаат пред кого да се рекламираат на стадионите.

Треба да знаете
Последни објави