Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик во четвртокот беа забележани додека снимаат интервју во паркот „Вашингтон Сквер“ во Њујорк.
Хероината од популарната ТВ-серија „Сексот и градот“ (54) е облечена во шик црно-бел капут додека ги интервјуираат заедно со сопругот.
Сара и Метју, кои што се во брак од 1997 година неодамна во изјава за весникот „Волстрит Журнал“ открија дека се подготвуваат да работат заедно за прв пат.
Обајцата глумат на Бродвеј во комедијата на Нил Сајмон, Plaza Suite, а Паркер призна дека не знае многу за сопругот како актер.
„Знам најмалку илјада луѓе подобро отколку што го познавам Метју како актер,“ рече таа. „Знам како работи…но подобро го знам Крис Нот (другиот протагонист во преставата) кога е пред камерата.“
Таа додаде дека постојат лични причини поради кои досега не работеле заедно, и дека се среќни со одделни професионални животи.
И Бродерик смета дека ќе биде тешко. „Многу ретко работиме во исто време,“ вели тој.
Премиерата на комедијата Plaza Suite е закажана на 13 април во бродвејскиот „Хадсон“ театар. Комедијата, во режија на Џон Бенџамин Хајки, ќе се прикажува само 17 недели.