Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг ќе може да се приклучи на тимот во тренинг базата на клубот. Според „The Athletic”, властите во Њујорк го признале спортскиот комплекс Нетс како приватна деловна зграда.
Сепак, 29-годишниот кошаркар нема да може да учествува на натпреварите, бидејќи не е вакциниран против „Ковид-19″.
Ирвинг минатата сезона настапи на 54 натпревари во НБА лигата, со просек од 26,9 поени, 6,0 асистенции и 4,8 скокови.