Италјанскиот фудбал е најпогоден од појавувањето и ширењето на коронавирусот во земјата. Превентивно натпреаврите од Серија А која најпрво одложи неколку меча па сега истите ги презакажа да се играат пред празни трибини за в недела, поместувајќи цело коло. Сега е потврдено дека и наредните натпревари до 3. април ќе се играат без публика.
Постои закана дека првенството во калчолигашката конкуренција да биде прекинато. Како што објави италијанската Влада тоа ќе се случи ако некој фудбалер од Серија А биде заразена со коронавирусот.
-Клубовите и нивниот медицински персонал се задолжени да ги контролираат сите играчи, тренери и директори, односно сите кои се присутни на натпреварот. На тој начин ќе го спречиме ширењето на вирусот, се вели во препораката на италијанската Влада.