Софија Вергара и Хајди Клум – судијки во „Америка има талент“

Тие се две од најубавите жени во светот, и продолжуваат да ги здружуваат силите во пронаоѓање на најдобрите таленти на Америка.

Софија Вергара пристигна за новите судиски должности во американското популарно шоу за таленти, a Хајди Клум која исто така е дел од жирито, во четвртокот ја донесе и својата ќерка Лени.

Софија изгледа прилично свежо по неодамна завршеното снимање на телевизиската серија „Модерно семејство“ која траеше цели 11 години.

А во четвртокот таа беше забележана од папараците кога пристигна во Пасадена, Калифорнија, за новиот ангажман во „Америка има талент“.

Познатата латино актерка повторно покажува дека и со наједноставни парчиња може да изгледа софистицирано и неверојатно секси.

Хајди Клум (46), супермодел по потекло од Германија и поранешна водителка на Project Runway, која исто така е член на жирито, пристигна со ќерка ѝ.

На себе има необична па дури и претерано лежерна комбинација од цветна кошула и огромни карирани пантолони во сина и розова боја.

Нејзината 15-годишна ќерка, Лени, родена Хелене, е во спортко издание и  Конс патики.

Треба да знаете
Последни објави