Најмалку 27 мртви во напад на комеморативен собир во Авганистан

Најмалку 27 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во напад на комеморативен собир во западен Кабул, соопшти денеска авганистанското Министерство за внатрешни работи.

„Досега се регистрирани 27 мртви и 29 повредени“, рече портпаролот на Министерството за здравство, Вахидула Мајар, додавајќи дека тој број може да расте.

Ова е прв напад во авганистанската престолнина по договорот меѓу САД и Талибанците кој во саботата беше потпишан во Доха.

Талибанците, кои со договорот се обврзаа дека нема да спроведуваат бомбашки напади, негираат каква било одговорност за инцидентот.

На комеморацијата за починат авганистански политичар, бил еден и од политичките водачи во Авганистан, Абдула Абдула, но тој минал неповреден.

Треба да знаете
Последни објави