Во Ротердам од корона умре маж, можно е да се одложи Евросонг

Организаторот на натпреварот за песна на Евровизија, кој во мај годинава треба да се одржи во Ротердам, Холандија, објави дека разгледува опции во поглед на епидемијата од коронавирус, поради која веќе беа откажани некои настани, како саемот за автомобили во Женева.

Здравствените власти објавија дека 86-годишен маж заразен со коронавирус починал денеска во Ротердам, а тој е првата холандска жртва на епидемија што од Кина се прошири во 85 земји.

Холандија првиот случај го пријави на 27 февруари. Во четвртокот, таму биле евидентирани 82 случаи на инфекција.

Холандската телевизија НРП соопшти дека организаторите на Евровизија ќе ги следат советите на здравствените власти при одлуката во каков формат ќе се одржи овој настан, кој треба да трае од 12 до 16 мај.

Сепак, засега не се соопштува кои опции се разгледуваат.

Треба да знаете
Последни објави