Жиру се премисил, сега сака да остане во Челзи

Францускиот интернационалев во редовите на Челзи, Оливие Жиру е подготвен да продолжи да го носи дресот на „сините” и по завршувањето на оваа сезона, откако напаѓаќот од  неодамна започна да добива улога на стартер во тимот од Лондон.

Жиру беше пред напуштање на „Стемфорд Бриџ” за време на зимскиот преоден рок, откако неговото време на теренот беше строго ограничено во првата половина на сезоната. Затоа, за време на минатиот преоден рок напаѓачот беше блиску до преминување во Интер.

Но, сега, очигледно, мислењето на Французинот се смени. По повредата на Тами Абрахам, тој ги започна последните 4 средби за „сините”, во кои постигна еден гол.

Според англискиот весник „Дејли мејл”, ова предизвика играчот да ги преиспита своите намери и да посака да потпише нов договор.

Треба да знаете
Последни објави