На мое лично задоволство, заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршивме увид во реконструкцијата на делница од Дреново до Фариш.
Инвестицијата е со вредност од 1, 5 милиони евра со што целосно ќе се реконструира делницата во ширина од 6,7 метри која воедно е и најоштетена од овој пат.
Исто така сакам да најавам дека целосно ќе се реконструира и делот од Фариш до Прилеп со што добиваме нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.
Ова е главната врска што не спојува нас жителите од Прилеп, од Битола, Ресен со Централниот и Источниот дел од земјата и затоа мораме се до изградбата на експресниот пат, оваа делница да биде безбедна за сообраќај и реконструирана по сите стандарди.