Криминалитетот на територијата на СВР Велес е во опаѓање.Тоа значи дека полицијата добро си ја врши својата работа, како превентивната, така и својата репресивна работа, изјави заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска по денешната посета на СВР Велес.
Таа посочи дека од разговорот со нејзините колеги констатирала дека состојбата на подрачјето на СВР Велес е стабилна и мирна, а случаите на едно убиство и едно убиство во обид се расчистени со поднесување соодветна пријава во Основното јавно обвинителство.
Во врска со претстојните парламентарни избори нејзините колеги од СВР Велес ја информирале дека се подготвени да се соочат со сите евентуални предизвици и оти ќе обезбедат услови за фер и демократски избори за сите граѓани.
Петровска денеска ќе ги посети и полициските станиците на СВР Велес,во Чашка,Кавадарци,Неготино и Демир Капија.