Околу 60.000 жители на Доњецк и Луганск годинава добија руско државјанство

Околу 60.000 жители на народните републики Доњецк и Луганск добија руско државјанство од почетокот на годинава, пренесува ТАСС.

Повеќе од 225.000 луѓе во овие републики добија руско државјанство откако претседателската уредба за ова прашање стапи во сила минатата година, информираше прес-центарот на руското Министерство за внатрешни работи.

„На повеќе од 225.000 жители на украинскиот регион Доњецк и Луганск им беше доделено руско државјанство во 2019 година и на 58.000 во 2020 година“, соопшти прес-центарот како одговор на истрагата на ТАСС.

Исто така, оттаму истакнаа дека, имајќи ги предвид одлуките донесени од претседателот, миграциската состојба во земјата значително се променила.

„Бројот на лица на кои им е одобрено руско државјанство порасна за 85 отсто во однос на 2018 година и изнесува околу 500.000“, велат од министерството.

На 24 април 2019 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се овозможува на луѓето што живеат во самопрогласените републики Доњецк и Луганск да добијат руско државјанство со поедноставена постапка. Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи и е заснована врз универзално прифатените меѓународни закони.

Првите пасоши беа издадени во Ростовскиот регион на 14 јули.

Треба да знаете
Последни објави