Парис Хилтон открива многу од својот приватен живот, без никакви филтри, во претстојниот документарен филм „Ова е Парис“ (This Is Paris).
Ѕвездата на „Куќа од восок“ се зафати со промовирање на филмот со помалата сестра Ники Хилтон Ротшилд.
Двете застанаа кај Alice + Olivia во западен Холивуд за да пробуваат облека во четвртокот откако направија неколку интервјуа.
А по завршениот шопинг, Парис (39) се појави во прекрасен фустан од бела тантела од брендот „Алиса плус Оливија“ кој го носеше на прес-конференцијата.
Изгледот го комплетира со бели мачкасти очила за сонце, бели чевли и црна чанта од нејзиниот сопствен бренд.
Познатата наследничката на синџир хотели со себе го носеше и миленичето, Дајамонд бејби, минијатурната чивава, пред да ѝ се придружи на сестра ѝ во продавницата.