Мерцедес најбрз во Истанбул, но казна за Хамилтон од десет позиции за промена на моторот

Луис Хамилтон ги заврши петочните треинзи пред Турското ГП како најбрз возач, а неговиот главен ривал за титулата, Макс Ферстапен, во Ред бул се мачеше со својот болид, обоен во бело во чест на Хонда.

Асот на Мерцедес, Хамилтон, го подобри своето време од утринската сесија на 1:23.804 соборувајќи го рекордот на патеката Истанбул парк за повеќе од една секунда. Единствена лоша вест е тоа што тој в недела ќе стартува со казна од 10 места поради менување на моторот овој викенд. Од која позиција ќе стартува в недела ќе се знае по утрешните квалификации.

Ферстапен, пак, утрото губеше со 0,4 секунди, а попладнето беше на 0,635 секунди зад Хамилтон за да заврши како петти на табелата. Холанѓанецот неколкупати преку радиото се жалеше на својот болид РБ16Б.

Меѓу ривалите за титулата беше Шарл Леклер, со фантастично второ најдобро време пред Валтери Ботас, а и Серхио Перез беше пред Ферстапен. Лендо Норис беше шести за Мекларен, пред Фернандо Алонсо и Естебан Окон во Алпине, Пјер Гасли во Алфа Таури и Антонио Џовинаци во Алфа Ромео.

Но, интересно, пред оваа трка, Хамилтон одлучи да го смени моторот на својот болид, поради што беше казнет според правилата.

Треба да знаете
Последни објави