Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер може да го пропушти големото градско дерби против Манчестер сити, пренесува „Сан”.
Дефанзивецот, исто така, требаше да учествува во дуелот против Дерби Каунти (3-0 за ФА Купот), но претрпе повреда на глуждот за време на тренингот во средата.
– Разговарав со него на мојата последна тренинг сесија дека нема да дозволам да се одмори против Дерби. Но, тогаш тој доби проблем на глуждот за време на тренингот. Тој мораше да остане дома, се надевам дека тој ќе биде подготвен за викенд, но не сум сигурен,дека тоа ќе се случи, рече Солскјер.
Манчестер јунајтед го пречекува Манчестер сити на „Олд Трафорд” во 29-то коло од англиската Премиер лига. Дуелот е во недела и започнува во 17:30 часот по наше време.
Граѓаните се втори со 57 бода, додека „црвените ѓаволи” се на петто место со 42 бода.