СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите, изјави Мендух Тачи, претседателот на ДПА во емисијата „Пресинг“ на косовската телевизија Т7, објави „МКД.мк“.
-Во овие три години состојбата на Албанците е многу влошена, Албанците многу ослабеа економски. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма, затоа што тоа се рефлектира така што ВМРО-ДПМНЕ многу го зголемува гласачкото тело и ако тие освојат 62-63 пратеници и ние не сме важни за владеење. А сите анкети се такви што покажуваат дека СДСМ е многу послаба од ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција со Беса е направена заради тоа, рече Тачи.