Бегството од дуели е неодговорност кон граѓаните и нема да ја спаси политичката кариера на Заев по 12 април

Зоран Заев е во очај. Зоран Заев e во паника од пораз и затоа ги злоупотребува институциите за ширење на лаги.

Зоран Заев е истрошен политичар. Заев и СДСМ се исплашени и затоа  пласираат лажни вести, само да го ублажат престојниот пораз.

Криминалецот Заев за да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес.

Со  власта на СДСМ и Зоран Заев, Македонија е заробена држава,  хибриден режим.

Зоран Заев ја има целосната контрола врз „Луј Витон“ правосудство кое што во моментот ги извршува неговите наредби.

Заев е свесен дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага.

Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерието, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија.

На Зоран Заев по 12-ти април му следува крај на политичката кариера поради криминалните тендери на неговото семејство и на функционерите од СДСМ, рекетот како главен проект на оваа влада на СДСМ изминативе 3 години, растечката корупција, фијаското во економијата, образованието, здравството, земјоделството.

Претстојните избори Зоран Заев треба да си замине од политиката и политичката сцена. Затоа треба да одговори дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе замине од политиката засекогаш. Веднаш потоа ќе одговара за се она што направил.

Изборот е едноставен и убедени сме граѓаните дека ќе извојуваат голема победа заедно со ВМРО-ДПМНЕ над политичкото цунами наречено Заев кое е поразително за иднината на нашата држава Република Македонија.

На 12-ти април следува крај на мафијата на Зоран Заев и СДСМ и следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на 12-ти април јасно и недвосмислено ќе кажат, ЗАЕВ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.

Треба да знаете
Последни објави